Амнести Интернешенел: Дали некој ќе одговара за злосторствата на ОВК?

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенел , по ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај порача дека за семејствата на жртвите на злосторставата на Косово останува прашањето-дали некој некогаш ќе одговара за сето она што беше направено?

„После денешната пресуда останува прашањето-со оглед дека судот утврди дека тројца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово не се виновни, кој тогаш ги изврши злосторствата“, праша директорот на АИ за Европа и Централна Азија, Џон Далхаузен.

„Дали некогаш некој ќе одговара пред судот? Тоа се прашањата што жртвите и нивните семејства ги поставуваат и ќе продолжат да ги поставуват, се додека правдата не биде задоволена“, додаде Далхаузен во соопштението на организацијата.

„Се проценува дека припадниците на ОВК киднапирале и убиле околу 800 припадници на малцинските заедници на Косово, како и тоа дека мал број од нивните тела се пронајдени, ексхумирани и вратени на семејствата“, потсетува АИ и повикува на приведување на одговорните пред правдата за сите злосторства во текот на војната на Косово 1989-1999 година.

„Апелациониот совет на Хашкиот Трибунал побара ново судење за Харадинај врз база на фактот дека судскиот совет не ги зеде во предвид тежината на заканите и заплашувањето на сведоците“, велат од АИ и напоменуват дека на повтореното судење се појавиле само двајца сведоци.

„Киднапирањата на малцинските заедници и Албаците кои ОВК ги сметала како предавници се воени злосторства, а во некои случаи и злосторства против човештвото. Како такви мораат да се истражуваат, а Еулекс и косовската власт мораат да направат се, одговорните да се најдат пред лицето на правдата“, наведува Далхаузен.

Мал број од нив стигна до судот на Косово, пишуваат од АИ.

Иако Еулекс на Косово по меѓународното право е задолжен за истрага на злосторствата, вклучувајќи ги и воените злосторства, таа мисија во 2009. година 62 случаи за киднапирања им ги препушти на локалните обвинителства, каде што документацијата сеуште с енаоѓа, без да има било кава истрага за тоа, велат од АИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски