Американски шпиони ја предупредија Грција за руски заговор против договорот од Преспа

Од:

Грчкиот милијардер со руско потекло, Иван Савидис, бил таргет на американските тајни служби кои преку следење на смс пораките, повиците и мејловите дошле до сознанија за руското влијание во Македонија, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Како што наведува весникот, Савидис бил врска за да не се реализира договорот меѓу Македонија и Грција. Весникот додава дека планот на милијардерот бил да плати демонстранти и фудбалски навивачи да предизвикаат инциденти со што би се наштетило на договорот од Преспа. Оттаму додаваат, дека токму ова била причината што Грција протера двајца руски дипломати. Весникот пишува дека Савидис финансирал македонски политичари, новоформирани националистички организации и хулигани на фудбалскиот клуб Вардар, кои извршиле насилства на протестите пред Собранието во Скопје.

Иван Савидис

Проширувањето на НАТО, за Русија е сериозна опаност, а пак, американските претставници се одлучиле да ги предадат прислушкуваните материјали од Савидис на грчката влада предводена од премиерот Алексис Црипрас со цел да се одмаздат.

Весникот „Њујорк тајмс“ анализира дека поради неуспешниот исход од референдумот, американските претставници сметаат дека разоткривањето на Савидос е победа во битката против руската кампања за дезинформирање во САД и Европа. Три дена по потпишување на договорот од Преска, рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов, јавно се закани и рече „за некои грешки постојат последици“.

Околу доказите против Савидис, весникот пишува дека „ЦИА, Стет Департментот веќе се занимавале со проблемот. Но тоа било пред да стане јасно дека тие застануваат против референдумот во Македонија. Пред да се одржи референдумот за спроведување на договорот меѓу Македонија и Грција на социјалните мрежи се појавуваат стотици нови страни кои повикуваат на бојкот. Во тој период, американски оперативци собрале докази против Савидов, каде се гледа дека тој собрал финансии за да плаќа на граѓани и фудбалски навивачи да предизвикаат инциденти, со тоа, да се спротистават на референдумот“.

„Напорите на САД би можеле да пропаднат доколку македонскиот парламент не се согласи да се промени името на земјата. Но, премиерот Зоран Заев веќе најави дека ќе свика предвремени парламентарни избори доколку процесот не успее“, анализира „Њујорк Тајмс“.

Според информациите на „Њујорк тајмс“, грчкиот премиер многу лесно ги добил информациите од американските разузнавачи. Всушност, тие му биле доставени преку американскиот амбасадор во Атина. Претходно, Ципрас одби да се приклучи кој земјите кои воведоа санкции против Русија, поради случајот „Скрипал“ а тоа било поради три работи, меѓу кои и желбата да се реализира договорот со Македонија.

Првиот човек на Владата, Зоран Заев, 10 дена пред референдумот изјави дека нема докази за руско влијание во земјава.

„Руската Федерација е пријател на Македонија и таа нема ништо против интеграциите на Македонија во Европската Унија, но е против нашата интеграција во НАТО. Ние се обидуваме да објасниме дека за нас не постои алтернатива, освен целосна интеграција во ЕУ и НАТО“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот.

Одговорот на Заев следеше по изјавата на секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, кој пред слетувањето во Скопје, за странските медиуми имаше изразено загриженост од можно мешање на Москва околу референдумот во земјава.

„Нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата. Тие префрлија пари, а исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание”, изјавил Матис.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје