Американската компанија „Нобел енерџи“ смета дека може да ги покрие потребите на Кипар до 2016.

Од:

Висок претставник на „Нобел енерџи“ изјави дека американската компанија ја разгледува можноста до 2016 година да почне да му доставува природен гас на Кипар се цел да им излезе во пресрет на енергетските потреби на земјата, јави БТА.

Тој изјави дека тоа може да се случи, доколку кипарската Влада го изработи овој проект до крајот на годината.

Според претставникот на „Нобел енерџи“ од Мексиканскиот Залив може да биде донесена модифицирана апаратура за извлекување на гас покрај јужното крајбрежје на Кипар, кој потоа преку гасовод ќе биде транспортиран до системите за електрична енергија на копно.

„Нобел енерџи“ и неговите израелски партнери „Делек“ и „Авнер“ експлоатираат наоѓалиште, за кое се претпоставува дека содржи околу три трилиони кубни метри природен гас.

 

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ