Американска НВО осомничена за експлоатација на бегалци во Грција

Од:

Американската невладина организација „Мрси корпс“ објави дека истражува обвиненија за сексуална експлоатација на бегалци и за корупција против двајца нејзини вработени во Грција.

И Европска комисија соопшти дека сериозно го разгледува случајот.

„Мрси корпс“ наведе дека двајцата вработени против кои се покренати обвиненија се привремено суспенидирани поради недоличното однесување.

Грчките правосудни органи го испитуваат случајот, што беше откриен во средината на мај од службата на еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидис.

„Мрси корпс“ е една од големиот број невладини организации кои дејствуваат во Грција со европско финансирање со цел да им помогнат на десетиците илјади бегфалци и мигранти, кои се блокирани во земјата по затворањето на Балканската рута за мигранти во март 2016 година.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он