Американец апелира светот да и помогне на Србија

Од:

Американецот Метју Тринет, кој што е писател и публицист, неколку пати престојувал во Србија и е воодушевен од неа. Сега кога Србија ја погоди оваа елементарна непогода, која остави големи последици, Тринет се обидува на светот да му раскаже зошто толку многу ја сака оваа држава и зошто треба да и се помогне.

Ова е неговиот текст во целост, кој е објавен на „Huffingtonpost“.

„За оние кои имаат среќа да патуваат, знаат дека постојат одредени места кои на нас оставаат големо влијание и длабоко навлегуваат во нашите срца. Некогаш тоа е народот, природата, а друг пат и одредени околоности со кои сме се сретнале во тек на патувањето. Тоа влијание е веројатно комбинација од сето ова, но сигурно има и нешто повеќе“, пишува тој.

Дури и ако не можеме да објасниме зошто таа држава влијае врз нас, не можеме да ја заборавиме. Нашите очи секогаш ќе добијат сјај кога таа ќе се спомене. Станавме претставници на места кои што неочекувано ги видовме и секогаш ќе биде така, поради некои причини кои повеќето луѓе нема да ги разберат.

Дали сакаме да го прифатиме тоа или не, ние мора да чувствуваме некој вид одговорност кон таа држава. Како шампион кога ќе победи, треба да се обидуваме да ја претставуваме и помагаме секогаш кога можеме, а особено кога е во неволја. Како патници, мора да станаме и да ја репрезентираме државата, која што ни овозможи ново животно искуство и ни го промени погледот на светот.

Такво место за мене е Србија, на која денес очајно и е потребна помош. Доколку луѓето како нас, патници, не помогнат на местата кои што им допреа до срцето, кој ќе го направи тоа? Локалните жители да и соседите, како и семејствата кои што заминале во странство. Но Србија не е богата држава. Држава како што е Србија нема толкава поддршка каква што имаат САД или некоја друга развиена држава. На неа и е потребна помош од страна, односно наша помош.

Во мојот текст „Работи кои што ги научив патувајќи по Европа за 7 месеци“ реков:

„Просечна плата во Србија изнесува 10.000 долари годишно, но јас сепак морав да ги молам моите пријатели да платам нешто“.

Важно е да и се помогне на Србија, но не само поради самата помош, туку и во знак на благодарност, затоа што на некој начин ги обликуваше нашите животи.

Повеќето страстни патници знаат дека целта на патувањето не е само да се патува. Важно е да се даде, онолку колку што ќе се земе. Таквата размена понекогаш е и животна лекција. Пријателството, љубовта а некогаш и физичкото задоволство.

Значањето да и се помогне на Србија е во тоа што се помага на место кое што ќе остави длабоки траги во вас. Важно е да се сетиме, бидејќи на крајот на денот, сите сме во истиот тим.

Ќе одадеме почитување, кое сигурно ќе ни се врати. Правејќи ги ваквите работи, ќе го одржиме духот на патување, неговото значење, магичното како што беше денот кога се сретнавме со неа.

Доколку некое место влијаело на вас, како што влијаеше Србија врз мене, верувам дека ќе сфатите зошто зборувам дека е важно да и се помогне на Србија. И затоа апелирам да и помогнете на Србија и на останатите други балкански држави, секако, доколку можете. И за крај ве молам, споделете го овој блог, за да се рашири свеста кај луѓето. Дури и ако тоа не го направите, запомнете секогаш гласно да зборувате за државите кои што го промениле вашиот живот, во тек на патувањата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија