Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој од вчера престојува во посета на Грција, денеска во придружба на грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го посети островот Лезбос, со цел на самото место да се запознае со напорите за помош на имигрантите и за спречување на бегалскиот прилив.
Како што јавија грчките медиуми, посетата на Ципрас и Шулц на Лезбос доаѓа во време кога неколку илјади имигранти се ноаѓаат блокирани во главното пристаниште на островот, поради штрајкот на морнарите во Грција против новите владини мерки на штедење.
Ципрас и Шулц вчера го посетија бегалскиот центар во Галаци, при што грчкиот премиер оцени дека е апсурдно барањето на кредиторите Грција да ги исфрла од нивните домови должниците, а од друга страна да им обезбедува сместување на имигрантите.
Вчера од Грција за Луксмебирг отпатуваа првите 30 бегалци во рамки на мерката на Европската комисија за прераспределна на имигрантите меѓу земјите-членки на ЕУ, според утврдени квоти.