Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

Од:

Алесандро Брагонѕи е назначен за нов шеф на Претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициона банка. Тој ја наследува Дубравка Негре, чијшто мандат заврши во средината на јануари.

Пред оваа функција, тој беше претставник на ЕИБ за Албанија, одговорен за институционални и оперативни активности во оваа земја, како и во Северна Македонија и Косово*. Г. Брагонѕи 11 години е дел од ЕИБ. Пред актуелното назначување, има придонесено за развојот на активноста на Банката за мандатно управување со финансиските инструменти на ЕУ и го има проценувано, структурирано и преговарано финансирањето за инвестициски проекти, давајќи заеми за суверено, банкарско и проектно финансирање и има водено мултидисциплинарни тимови.

Како најголем инвеститор во регионот, ЕИБ има одобрено над 8,6 милијарди евра од 2009 година наваму за поддршка на модернизацијата на клучната инфраструктура и развојот на приватниот сектор во Западен Балкан. Досега ЕИБ има инвестирано 365 милиони евра во здравствените сектори, вклучувајќи го тука реновирањето на Клиничките центри во Ниш и Бања Лука, како и на 21 регионална болница. Со инвестиции од над 2 милијарди евра, има придонесено за изградбата на стотици километри автопати по поголемите регионални маршрути. За поддршка на малите и средни претпријатија, досега има одобрено над 4 милијарди евра, што има помогнато во задржувањето на над половина милион работни места на Западен Балкан. Само во 2020 година, банката на ЕУ има мобилизирано над 1 милијарда евра за помош од негативните последици на пандемијата на ковид-19.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ