Александар Вучиќ избран за лидер на владејачката Српска напредна партија

Од:

Првиот заменик-премиер и министер за одбрана на Србија, Алекдандар Вучиќ, синоќа е избран за лидер на Српската напредна партија (СНС), која е најголема партија во српската владина коалиција.

Вучиќ на лидерската функција, на која го наследи актуелниот српски претседател Томислав Николиќ, беше избран на Конгресот на СНС што се одржа во Белград. Вучиќ, кој од изборот на Николиќ за шеф на српската држава во мај годинава беше в.д. претседател на СНС, беше едиствен кандидат за лидер на партијата.

По изборот, Вучиќ изјави дека СНС е исправена пред голема одговорност, но дека партијата ќе ја оправда довербата на граѓаните и ќе управува со Србија во следната деценија.

На вчерашниот Конгрес за потпретседател на СНС беше избрана Јоргованка Табаковиќ.

СНС беше основана во 2008 година од група пратеници кои ја напуштија Српската радикална партија (СРС) на Восилав Шешељ. До истапувањето од СРС, Николиќ беше потпретседател на партијата, а Вучиќ нејзин генерален секретар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски