Албанските власти запленија 48 тони цигари

Од:

Албанските власти запленија 48 тони цигари откриени во трговски брод кој пловел под знамето на Танзанија, за кои немало потребна документација, јави дописникот на МИА од Тирана.

Бродот „ЕРА 1“ со седумчлен украински екипаж испловил од Грција, а требало да плови кон пристаништето Бар во Црна Гора.

Во средата, поради невремето, од бродот било побарано да се засолни во пристанишниот град Валона, се до смирување на морето, но вчера испловил без да ја информира капетанијата, кршејќи ги меѓународните поморски правила, според кои бродот е обврзан да информира или да побара дозвола од поморските власти на пристаништето за секое негово движење. Тоа била причината албанските власти да се посомневаат околу товарот на бродот, по што брод на албанската крајбрежна партола го вратила нативарениот брод до пристаништето Драч.

Од царинската управа на Албанија потврдија дека вредноста на запленетата количина на цигари изнесува 10 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата