Албанскиот претседател предлага отворање на досиејата и лустрација за комунистите

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани предложи денеска, по повод одбележувањето на 25-годишнината од падот на комунизмот во земјата, Парламентот да објави ден за спомен на жртвите на „комунистичките злосторства“, отворање на досиејата и лустрација, јави Танјуг.

Нишани рече дека четвртина век по падот на комунизмот, е време Парламентот да усвои закон за отворање на досиејата не само на шефовите на Државната безбедност, туку и на сите соработници на тајните служби, за да може „еднаш засекогаш да се смират душите на Албанците“.

Нишани рече дека времето на комунизмот било време на „најугнетувачките и најтерористички режими“ во источноевропските земји, а Албанија повеќе од која и да е држава треба да го слави падот на комунистичкиот режим.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата