Поглаварот на Албанската афтокефална православна црква, архиепископ Анастасиос Јанулатос денеска изјави дека нема го прифати предогот за политичка функција, бидејќи тој има црковна функција.
Како што јави дописникот на МИА, изјавата на архиепископ Анастасиос претставува реакција на веста дека новиот грчки премиер Алексис Ципрас му предложил да биде кандидат за нов претседател на Грција.
– Еден православен поглавар има една одредена црковна задача. Тој не може да превземе политичка функција, изјави архиепископот Анастасиос.
Високи претставници на партијата СИРИЗА, поврзани со управата на Света Гора, изминатите неколку дена, според грчкиот весник „Вима“, засилено ја разгледуваат можноста архиепископот Анастасиос да биде предложен од грчкиот премиер Алексис Ципрас за кандидат за претседател на Грција.
Ариепископот на Албанија е личност што ужива голема почит и е истакнат свештеник меѓу приврзаниците на екуменизмот, што, според лицата блиски до Ципрас, ќе даде особена симболика на претседателските избори и ќе ја обедини земјата, а тој ќе даде сјај со своето присуство во претседателската палата, наведува весникот.
Архиепископот Анастасиос е на чело на Албанската православна црква повќе од две децении, веднаш по падот на комунизмот и обновувањето на дотогаш забранетиот верски живот во Албанија.