Албански режисер го претстави Исус како хомосексуалец

Од:

Претстава во која Исус Христос и 12-те апостоли се претставени како хомосексуалци, предизвика немири во Грција и провоцира судски обвиненија за богохулство од претставници на црквата и неофашистичката партија „Златна зора“.

Претставите на „Корпус Кристи“ кои требаше да се одиграат кон крајот на месецов се откажани по протести пред театар во Атина. Режисерот Лаертис Василиу, кој е роден во Албанија, за странските медиуми изјави дека не му е јасна ситуацијата што се создала.

– Она што го гледам е дека има луѓе кои ја ограбија оваа земја без да знаат граѓаните, но тие не се во затвор. Наместо да го поправи тоа, сега судот се врти кон уметноста, изјави тој.

Ако учесниците во претставата бидат прогласени за виновни за богохулство, режисерот и актерите може да поминат неколку месеци во затвор. Меѓу најповредените од сижето на претставата се претставниците на верски групи, националистичките и социјалистичките партии.

Претставата имаше премиера во октомври, и на неа имало засилено присуство на полицијата поради дејствувањето на екстремно десничарската партија „Златна зора’.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција