Албанската полиција запалени полoвина тон марихуана

Од:

Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро заплени 500 килограми марихуана, чија крајна дестинација бил грчкиот нарко пазар, јави дописникот на МИА.

Дрогата, која потекнувала од селото Лазарат, била спакувана во 15 торби и транспортирана со две возила „Ренџ Ровер” .

Полицијата интервенирала во мигот кај селото Хоштев, кога нарко  шверцерите дрогата од возилата ја натоварувале на мазги со кои илегално требало да ја пренесат на грчка територија. Кога ја забележале полицијата, двајца од шверцерите успеале да побегнат, а третиот бил уапсен.

Албанската и грчката полиција само во последната недела запленија околу два тона марихуана.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата