Албанската опозиција од утре на протести за соборување на Рама

Од:

Албанската опозиција утре во десет часот ќе зaпочне со антивладини протести, кои како што најави, ќе траат се до соборување на премиерот Еди Рама.

Покрај незадоволството од еконоската состојба и правата на граѓаните, сега опозицијата како главен адут го истакнува случајот „Дивјак“, поточно неуспешниот обид на италијански пилот со авион „Пајпер“ да прошверцува 460 килограми албанска марихуана, што, според опозиционерите, е доказ за нејзините тврдења дека власта е вмешана во шверц на дрога.

– Ве повикувам масовно да излеземе на протести и да се спасиме од Владата на дрога, која земјата ја претвори во Колумбија на Балканот. Рама оди си!, напиша на својата фејсбук страница поранешниот албански премиер и екс-лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша.

Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, обвинувајќи го Рама за директна вмешаност во скандалот со шверц на дрога, му порача што побрзо да си замине од власта.

– Бараме оставка од Рама и на неговата Влада. Албанскиот народ не прифаќа Влада на организиран криминал. Народот не прифаќа земјата да се претвори во картел на дрога. Албанските граѓани се подготвени да се кренат на нозе и да се борат за суверенитетот, слободата и уставните права, изјави Баша, упатувајќи апел до граѓаните за масовност на протестите.

Рама категорично ги отфрли ваквите обвинувања, наведувајќи дека полицијата во изминатите девет месеци, од кога се социјалистите на власт, има огромен успех во борбата против трговијата со дрога.

Првиот масовен антивладин протест, по ланските избори и формирањето на новата влада во септември, албансмата опозиција го одржа на 20 февруари.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата