Албанската опозиција ги почна антивладините протести

Од:

Под мотото „Албанија кон Европа а не кон Колумбија“ албанската опозиција ги отпочнува серијата протести против актуелната власт,кои како што е најавено ќе траат се до соборување на премиерот Еди Рама.

Насобраните граѓани пред ззградата на Парламентот на два големи видео бима ја следеа седницата на Парламентот, на која опозицијата го обвини Рама за директна вмешаност во шверцот со дрога и побара на седницата да се распарава по прашањето со шверцот со дрога.

Претседателот на Парламентот Илир Мета, даде пауза заради консулатции со координаторите на пратениќките групи околу неговиот предлог за ова прашање да се одржи вонредна седница утре.

Потоа пратениците на опозицијата се придружија на насобраните граѓани, кои држат пароли „Рама оди си“, „Интеграција“ „Не дрога“.

– Еди Рама е главниот виновник зашто на власта им ја даде на наркошверцерите.Зошто да се прекине нашиот пат кон Европа, ние сакаме држава за нашите деца, -рече пред насобраните пратеничката Месила Дода. Се очекува на протестот да се обрати лидерот на демократите и актуелен градончалник на Тирана,Љуљзим Баша. За безбедноста ангажирани се големи полициски сили со цел да се спречи евентуален инцидент.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата