Албанија на полноќ излегува од вонредната состојба воведена поради коронавирусот

Од:

Во Албанија денеска на полноќ завршува вонредната состојба поради „природна непогода“ прогласена заради пандемијата на Ковид-19.

Во вклучување преку Фејсбук, министерката за здравство Огерта Манастирлиу рече дека завршувањето на вонредната состојбата нема да ја намали подготвеноста во справувањето со опасниот вирус, бидејќи „земјата продолжува да биде во состојба на епидемија“.

„Доколку има зголемување на случаите на интензивна терапија, повторно ќе ја отвориме болницата Ковид2, односно поранешниот санаториум, а во следното сценарио, ако бројките ги надминуваат овие капацитети, ќе се премине во карантин болницата Ковид 4,“ која е на автопатот Тирана-Драч, рече министерката.

Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата донел одлука за рестартирање на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз, врз основа на предвидените протоколи и упати апел за почитување на мерите за заштита.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски