Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Од:

Албанија денеска очекува да добие кандидатски статус за членство во ЕУ на состанокот на шефовите на дипломатии на државите од Унијата кој ќе се одржи во Луксембург.

Министрите за надворешни работи ќе ја потврдат веќе утврдената согласност на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со кој се прифаќа предлогот на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Албанија.

Велика Британија, Германија, Франција и Чешка беа против можноста Албанија да стане кандидат за членство на ЕУ, но по акцијата на албанската полиција за уништување на нарко центрите во земјата, како и спроведените напори на Владата на Еди Рама за приближување на албанското кон европското законодавство и спроведување на силна антиимиграциска политика, овие земји одлучија да не ставаат вето на албанската кандидатура.

Сепак, годинава, не се очекува Албанија да добие датум за почеток на преговорите за членство.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ