Албанскиот технички комитет за справување со пандемијата денеска одлучи за дополнително олеснување на анти-ковид мерките.
Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство се укинува мерката за собири со само 50 лица, а и понатаму останува задолжителното носење заштитна маска во затворен простор и петдневната изолација за лицата позитивни на опасниот вирус.
– Одлуката се базира на анализата на состојбата која е стабилна, со континуиран пад на нови случаи. Во сила и понатаму е мерката со која секој граѓанин кој влегува во Република Албанија треба да поседува вакцинален пасош, ПЦР тест или потврда дека ја прележале болеста, со исклучок на деца помали од 6 години. Вработените во државната администрација треба да имаат цертификат за примени вакцини, рече Ракацоли.
Претходно на втори Комитетот на експерти по речиси две години го укина полицискиот час, кој траеше главно од 23 до 6 часот, но во одредени периоди и од 20 и од 22 до 6 часот.
Еугена Томини, директорка на Институтот за јавно здравје, информираше дека со една доза опфатени се 49 а со две 45 осто
од популацијата. Додаде дека вакцинирањето е отворено за сите над 12- годишна возраст.
Извор: МИА