Албанија и понатаму без претседател

Од:

Албанскиот парламент по втор пат не успеа да избере претседател на државата, затоа што лидерите на двете најголеми партии не можеле да се договорат за тоа, кој ќе биде заеднички кандидат.

Пратениците можат најмногу пет пати да се обидат да изберат наследник на Бамир Топи, чиј 5-годишен мандат завршува на 24. јули.

Доколку не успеат, во рок од 45 дена мора да се распишат предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Реконструкција на албанската влада, меѓу новите министри и еден Македонец

Италијанци избегале од ресторан во Албанија, премиерката Мелони ја плати сметката

Фатени шверцери на марихуана, со рибарски чамец ја пренесувале во Македонија од Албанија

Почина Србин на плажа во Албанија