Албанија: До 16 часот одѕивот на гласачите 38 отсто

Од:

Од вкупно 3.370.206 гласачи, колку што се на единствениот избирачки список, на денешните локални избори, правото на глас до 16 часот го искристиле 38 отсто.

Ова на средба со новинарите го соопшти претседателтата на централната Изборна комисија, Лефтерија Лузи, додавајќи дека извештаи за текот на изборите добиле од сите избирачки места.

Таа искажа надеж дека текот на изборите ќе продолжи во мирна атмосфера и оти навреме, како што според законот е предвидено, во 19 часот ќе бидат затворени сите 5.299 избирачки места.

Медиумите јавуваат дека во повеќе градови во земјата циклулираат СМС пораки на кои на граѓаните им се сугерира да гласаат за еден или друг кандидат.

На денешните локлани избори се избираат 61 градоначалник и 1595 членолви на општинските совети.

Изборите ги набљудуваат три илјади набљудувачи, од нив 274 на ОБСЕ-ОДИХР. Повеќе избирачки места во подрачјето на Тирана,Драч Валона и Кавајка посетија и американскиот амбасадорт во Албанија, Ли и евроамбасадорката Влахутин.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата