Албанците за Сирија заминуваат преку турска невладина организација

Од:

Турската хуманитарна организација ИХХ регрутира стотици Албанци муслимани и по воената обука во Турција ги упатува во борба против владата во Дамаск, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според весникот Шекули, Организацијата била поддржана од турското Министерство за надврошени работи и од „Вахаби“ екстремистичка саудиска група.

Дури 769 Албанци се приклучиле кон бунтовничките сили во Сирија.

– Регрутите Албанци одат од Тирана за Турција и таму се обучуваат во воената база Рејхан од страна на пензионирани американски офицери. Последната група регрути Албанци за Истанбул замина со летот 1078 на „Туркиш ер“ на 30 јуни годинава, тврди неименуван извор.

Според него, дел од Албанците муслимани не војувале заедно со Војската за ослободување на Сирија, туку дезертирале и се приклучиле кон групите на Ал Каеда во Сирија. Тој посочува дека 450 од нив дезертирале и се приклучиле кон Ал-Нусра фронт, огранок на Ал Каеда.

Тој признал дека се вратил во Албанија откако ги видел воените злосторства кои ги вршеле терористички групи врз цивилното население во Сирија.

– Кога дојдов во Тирана не се сретнав со семејството поради страв од агентите на турската разузнавачка служба и нивните платеници во Албанија. Со семејството се сретнав откако тоа ја напушти Тирана, изјави изворот.

Неофицијално досега во Сирија животот го загубиле најмалку дваесет Албанци од Балканот, од нив тројца од Македонија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски