Албанците вo јужна Србија одбиваат да го отстранат споменикот на загинатите борци на ОВПМБ

Од:

Претседателот на општина Прешево, Рагми Мустафа, изјави дека насилното отстранување на споменикот на загинатите членови на расформираната Армија за ослободување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац ќе предизвика институционална криза во општините Прешево и Бујановац и ќе ја прекине соработката со републичките власти, сооопштија белградските медиуми.

На прес конференција во Прешево Мустафа изјави дека доколку српските власти го отстранат споменикот од центарот на Прешево, ќе се преразгледа соработката на локалните албански власти со републичките органи.

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, изминатите денови ги повика Албанците ви јужна Србија сами да го отстранат споменикот, кренат во ноември 2012 година.

Србија на поранешната Армија за ослободување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа гледа како на терористичка организација.

-Ако има насилство за отстранување на споменикот ќе следи мојата оставка од функцијата претседател на општина Прешево, а се надевам дека така ќе биде и во општина Бујановац. Нема веќе никаква смисла да се соработува со органи кои го уништуваат идентитетот на Албанците во Прешевската долина, рече Мустафа по вчерашната седница на општинските советници од трите општини во јужна Србија.

Мустафа посочи дека преместувањето на споменикот на друго место е неприфатливо за Албанците.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ