Алармантно во Романија: Земјата има само уште шест слободни кревети за тешки ковид-пациенти

Од:

Во Романија, во моментов има само шест слободни кревети на одделите за интензивна нега за пациенти со Ковид-19. Ова го потврди министерот за здравство Влад Воикулеску, јавија романските медиуми.

Во моментот на интензивните одделенија со Ковид-19 се лекуваат рекорден број пациенти од почетокот на пандемијата – 1.531 – според податоците објавени од Групата за стратешка комуникација. Вкупниот број на хоспитализирани е околу 13.500.

Во изминатите 24 часа, 129 пациенти со Ковид-19 починаа во државата. Бројот на смртни случаи од тој вирус во Романија изнесува над 25.000 од минатиот февруари досега.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“