Актерот и опозициски политичар Сергеј Трифуновиќ нападнат на протестот во Белград

Од:

Српскиот актер и политичар Сергеј Трифуновиќ е повреден вечерва на антивладиниот протест во Белград, откако бил нападнат и бркан од група луѓе, јавија српските медиуми.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како групата почнува да го брка Трифуновиќ, по што тој бил погоден со фотоапарат во главата.

Веднаш потоа, се појави и снимка на која Трифуновиќ, инаку претседател на опозициското „Движење за Србија“, го коментира инцидентот:

Протестот во Белград денес се одвива под засилено полициско обезбедување, откако вчеравечер избувнаа нереди и имаше повредени демонстранти и полицајци, а група демонстранти се проби и до влезот на српскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

Генералниот штрајк во Србија како форма на граѓанска непослушност, одговорија многу општествени групи

ВИДЕО: Србија во генерален штрајк на кој повикаа студентите

Катерина Ѓуровски

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност