Актерот Бранислав Лечиќ обвинет за силување

Од:

Српската актерка Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс.

Штајнфелд пред неколку дена беше повикана во Вишото јавно обвинителство на покана на обвинителет за да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборуваше за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее, соопшти Нова.рс.

Како што дознава тој портал, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криела од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, изјавувајќи дека тој ја напастувал пред неколку години, додека таа работела на еден проект со него.

По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде повикан да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.

-Не можам да коментирам толку чувствителна тема се додека не добијам покана од Обвинителството и не добијам црно на бело дека сум обвинет за такво нешто, изјави актерот Бранислав Лечиќ, по повод наводите на актерката Даниела Штајнфелд на Вишото јавно обвинителство дека е силувана од него, пренесува Нова.рс.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски