Ако победи на изборите, Нова демократија ќе го смени законот за доделување дозволи за излез на затвореници

Од:

Доколку Нова демократија добие доверба од граѓаните веднаш ќе го смени законот за дозволи што денес се даваат, дури и на убијците кои не се каат, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија по повод денешната одлука на Врховниот суд на Грција за дозволата за Димитрис Куфодинас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нова демократија нема да ја коментира денешната одлука на правосудните органи. Но, ќе потсети дека, доколку граѓаните ѝ дадат доверба, нејзино обврзување е веднаш да го смени законот за дозволи што денес се даваат, дури и на убијците кои не се каат, соопштуваат од Нова демократија.

Како што претходно објави МИА, кривичниот оддел на Врховниот суд на Грција го прифати предлогот на обвинителката Ксени Димитриу за отфрлање на одлуката на судот во Волос, според која беше одбиено барањето на еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас да добие неколкудневна дозвола за излез од затвор, а со тоа неговото барање одново ќе биде разгледано од надлежниот суд во грчкиот град, каде што тој ја отслужува затворската казна.

Според грчките медиуми, Врховниот суд оценил дека и оние кои што се осудени на повеќе од една доживотна затворска казна имаат право да добиваат редовни дозволи за излез од затвор.

Димитрис Куфодинас кој е осуден на 11 доживотни затворски казни за убиства, од втори мај започна штрајк со глад откако не беа задоволени неговите барања за добивање седма неколкудневна дозвола за излез од затвор. Неколку дена подоцна, од здравствени причини беше пренесен во болница во грчкиот град Волос (каде што ја отслужува затворската казна), а сега е на одделот за интензивна нега поради влошеното здравје.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица