Ако му го докажат криминалот, Јанковиќ го чека до 8 години затвор

Од:

Зоран Јанковиќ, еден од најпопуларните словенски политичари, актуелен градоначалник на Љубљана и поранешен долгогодишен претседател на Управата на Меркатор, вчера беше уапсен заедно со уште пет други лица (меѓу кои и синовите Дамјан и Јуре). Во полициската истрага во која учествуваа 120 полицајци и криминалисти, вчера траеше во текот на целиот ден. Љубљанскиот градоначалник се сомничи за злоупотреба на службената должност, проневера на пари од европски фондови и уништување на докази, за што како вчера изјавија од полицијата, осомничените би можеле да добијата и до 8 години затвор. Во акцијата полицијата соработувала со даночната управа, комисијата за спречување корупција и бирото за спречување на перење на пари.

Собирањето на докази траело година и половина, поради што поголемиот дел од словенската јавност и очекувал апсење на градоначалникот.

Покрај Јанковиќ и неговите синови, уапсени се и Урош Огрин и Златко Срака, директори на компаниите Греп и Енергоплан, Јадранка Дакиќ, поранешна градоначалничка и блиска соработничка на Јанковиќ. Компаниите кои преку синовите ги контролирал Јанковиќ (Електа и КЛМ) заедно со компанијата Греп се вмешани во сомнителни бизниси околу препродажба на земјишта и изградба на спортско – трговскиот комплекс Стожице, кои беше финансиран од градот Љубљана.

Од полицијата вчера соопштија дека штетата за која се сомничат уапсените се преоценува на повеќе од 10 милиони евра. Полицијата вчера зградата на градската усправа ја напушти со големо количество запленета документација, за чии транспорт беа потребни дури пет автомобили. Зоран Јанковиќ вчера само кусо изјави дека полицијата била коректна и дека однеле се што им било потребно.

Она што е интересно е дека вчера веднаш штом заврши истрагата во зградата на општината Јанкович појде на состанок на кој потпиша договор вреден 112 милиони евра со австриската компанија Страбаг за изградба на објект за преработка на отпад. Потоа беше уапсен. Вечерта прво на слобода беше пуштен Јуре Јанковиќ, а веднаш потоа и самиот Зоран Јанковиќ. Останатите ќе бидат задржани во притвор 48 саати.

Зоран Јанковиќ, е лут политички противник на премиерот Јанез Јанша. Претседател е на партијата Позитивна Словенија, а веднаш по победата на Јанша на изборите ( кои немаше повеќе гласови но успеаа да оформи коалиција) тој се врати во фотељата на градоначалник на Љубљана. Јанковиќ својата популарност ја стекнал како директор на Меркатор, кој во негово време успешно се прошири. А токму Јанша беше тој што 2005-тата го тргна од Меркатор.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија