Ако Меѓународната конференција во Женева има позитивен резултат тоа ќе биде голем успех и ќе го отвори патот за референдум за кипарското прашање, изјави лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.
Конференцијата треба да се одржи на 12 јануари во Швајцарија.
Акинџи истакна дека не е сигурен оти евентуалниот референдум за обединување на Кипар може да се спроведе во 2017 година.
– Го правам последниот обид на нашата генерација. Ние со госодин Анастасијадис сме луѓе од таа генерација. Сакаме на следните генерации да оставиме Остров на кој можат да живеат. Новите генерации да живат во благослостојбен мир, кој ќе настапат на Островот, посочи Акинџи.
Кипарското прашање ќе биде тема и на седницата на Националниот совет за надворешна политика на Грција, што ќе се оддржи в петок, под претседателство на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.