Акдоган против предлогот на ПКК за прекин на огнот

Од:

Турскиот вицепремиер Јалчан Акдоган денеска го отфрли предлогот за прогласување на примирје пред парламентарните избори на 1. ноември.

Тој наведе дека предлогот е „тактика“ на курдските бунтовници и оти турската Влада инсистира Курдската работничка партија (ПКК) да го предаде оружјето и да се повлече од Турција.

– Често пати сме биле сведоци како терористичката група користи слични тактики, кога е во безизлезна ситуација. Доста ни е от тоа. Палите и уништувате се, малтретирате и убивате луѓе, започнувате војна против државата, а потоа изјавувате дека не сакате безбедноста на изборите негативно да влијае, посочи Акдоган.

Претставникот на ПКК, Бесе Хозат претходно најави прекин на огнот, како варијанта за зголемување на шансите на прокурдската Демократска партија на народина на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он