Афшан Кан: Заштитата на децата мора да биде врвен приоритет при одговорот на најновиот бран на бегалци

Од:

„Пријавената смрт на дете меѓу скоро 50 лица кои се наоѓале во чамец што денеска се превртел во близина на грчкиот остров Лезбос е трагичен потсетник за ужасните патувања на кои тргнуваат најмладите бегалци и мигранти што бараат безбедност во Европа. Без оглед дали се на море, на граничните премини или во конфликтните подрачја, децата бегаат, децата се првите жртви. Во последниве недели, ескалацијата на насилството во провинцијата Идлиб доведе до раселување на над 575.000 деца. Од неколку илјади луѓе коишто сега се концентрирани во близина на Едрене и долж турско-грчката граница, се проценува дека 40 проценти се жени и деца. Државите мора да сторат сé што е во нивна моќ за да спречат натамошно страдање на најневините“, рече Афшан Кан, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.

Од организацијата велат дека тие заедно со нивните партнери се на терен одговарајќи на директните потреби на децата, помагајќи им со засолниште, вода, хигиенски средства, ќебиња и други непрехранбени производи.

Исто така, тие работат на исполнување на најитните потреби на оние кои се заробени на границата меѓу Турција и Бугарија, каде се пријавуваат инциденти на насилно потиснување.

„Децата и семејствата „откорнати“ од своите домови се свртени кон политичките лидери со надеж за заеднички решенија, финансиско-политичка поддршка на државите кои ги примаат оние што бараат помош и сериозни заложби за преселување на најранливите меѓу нив. Сега е време сите засегнати земји да ги почитуваат своите меѓународни обврски за заштита на децата од насилство и повреди, без оглед кои се и од каде доаѓаат. Сега е време да се осигури безбеден пристап до азил и меѓународна заштита, наместо постапки и изјави што поттикнуваат ксенофобија и дискриминација“, стои во соопштението на организацијата.

Од УНИЦЕФ повикуваат дека е време за за европска солидарност со Грција и Турција – кои му ја покажаа на светот својата широкоградост прифаќајќи и сместувајќи голем број деца и семејства.

„Сите држави имаат корист од соработка при заштита на децата и семејствата, ранливи сами по себе, децата во движење треба итно да се заштитат. Ниедно дете никогаш не треба да го ризикува животот или иднината во желбата да биде безбедно“, додаваат од организацијата.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски