Адвокатите открија каква казна му се заканува на таткото на момчето кое го изврши масакрот во училиштето

Од:

На Владимир Кецмановиќ(48), таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое утрово уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“, се товари за кривично дело – тешки дела против општата безбедност, му се заканува казна од 12 години.

Според Вишото јавно обвинителство во Белград, момчето не е кривично одговорно според Законот за малолетни сторители и кривично правна заштита на малолетни лица бидејќи не наполнило 14 години. Ќе наполни во јули, за два месеци.

Од друга страна, на неговиот татко Владимир му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против општата безбедност.

Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.

-Доколку има тешка телесна повреда на лице или материјална штета од поголеми размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, ако смртта настапила на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години, вели Ристовиќ.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски