АБЦ: Бугарските социјалисти создаваат нови сојузи со Русија и се оддалечуваат од ЕУ

Од:

Бугарија е многу важна територија за руските монополи во областа на гасната и нуклеарна енергија „Гаспром“ и „Росатом“, а Владата на Пламен Орешарски, веднаш по доаѓањето на власт, соопшти дека ќе им даде предност на руските енергетски проекти – новата нуклеарка во Белене и „Јужен поток“, пишува шпанскиот весник АБЦ во својот текст со наслов „Долгата рака на Москва во Бугарија“.

Пишувајќи за антивладините протести во Бугарија, весникот го цитира разговорот со писателот и универзитетски професор Владимир Левчев, кој е претставен како учесник во протестите и познат по несогласувањето со режимот на Тодор Живков.

Во текстот се наведува дека сегашната Влада планира да ја „премоделира геополитичката ориентација на земјата, која од 2007 година е членка на ЕУ“. Доказ за тоа авторот гледа во „присуството на различни нивоа на управување на поранешни агенти или соработници на бугарските тајни служби на комунистичкиот режим во Бугарија, поврзани со КГБ, кои ги штитат интересите на руско-бугарската енергетска мафија“.

Како пример за „желбата на бугарските социјалисти да ја оддалечат земјата од вредностите на западната демократија“ е наведена нивната соработка со „екстремните националисти од Атака“.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?