Абазовиќ: Се надевам дека наскоро ќе имаме влада

Од:

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори.

На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ.

– Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ.

Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски