9 долари за секој ден на Голи Оток, ова им го понудила српската Влада на некогашните политички затвореници на Голи Оток .
Тие се револтирани и неаздоволни од сумата и најавуваат покренување судска постапка и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права .
Тие велат дека за ужасите кои ги доживеале, ова е срамна сума.
Логорот на Голи Оток е формиран во 1948 година по Резолуцијата на Информбирото против поранешна Југославија и во него биле затворани приврзаниците на тогашниот советски лидер Јосиф Висарионович Џугашвили – Сталин.
Во осумте години колку што функционирал логорот во него престојувале околу 16.000 политички затвореници од цел поранешна Југославија, од кои таму починале околу 600.