58 пратенички во новиот бугарски Парламент

Од:

Просечната возраст на пратениците во 49. Бугарско Собрание е околу 46 години, од кои 58 се жени, изјави за БТА портпаролката на Централната изборна комисија, Росица Матева.

Бројот на мажи и жени е ист како и во претходниот парламентарен состав, 182 мажи од вкупно 240 пратеници.

Во 49. Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници. Партијата „Преродба“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36 мандати, додека „БСП за Бугарија“ ќе има 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ – 11.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев првата седница ја закажа на 12 април.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски