Досега официјално се пријавени 35 случаи на заболени од грозницата Западен Нил во Србија, а три лица починаа, соопштува Институтот за јавно здравје „Batut“.
Заболените се лица, постари од 50 години и се хронично болни, односно спаѓаат во категоријата на лица со зголемен ризик од тежок облик на болеста.
Лицата кои починаа, беа на возраст од 68 и 81 година и биле хронично болни од срце.
Вирусот Западен Нил, е сезонски, односно се појавува во период кога е најголема активноста на комарците. Случаи на заболени се регистрирани во Грција, Романија, Русија, Израел, Тунис и САД.