30% проценти пониски плати-честитка за новите грчки министри

Од:

„Земјата има нова влада, но исто така и различен вид на влада од повеќе партии. Влада на одговорност“, рече синоќа, откако новата грчка влада положи заклетва, новиот премиер Андонис Самарас.

Оваа влада, предупреди, нема грејс период и веднаш се очекуваат резултати. И уште едно предупредување од Самарас до кабинетот, да го ограничат појавувањето во медиумите. И како честитка за изборот им соопшти дека платите им се намалени за 30 проценти

Владината коалиција ја сочинуваат Нова Демократија, ПАСОК и Демократската левица.

Новата грчка влада има 39 министри и заменици-министри, што е за 10 помалку од администрацијата на Лукас Пападемос.

Инаку нов шеф на дипломатијата е дипломатот и 30 години искусен политичар, 59-годишниот Димитрис Аврамопулос.

Владата ги наведува забрзување на растот, преразгледување на условите од Меморандумот за разбирање без да се загрози позицијата на Грција во еврозоната, да се намали дефицитот, да се намали јавниот долг и да се имплементираат структурните реформи, како основни приоритети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит