30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Од:

Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на Горан Весиќ и на деветмина други приведени поради несреќата на железничката станица во Нови Сад, кога поради падот на настрешницата загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Јелена Танасковиќ и Анита Димоски добија домашен притвор.

Судиите за претходна постапка на Вишиот суд во Нови Сад по рочиштето донеле решенија според кои, се работи за тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, поради нарушување на јавноста, според Г.В. и Н.Ш. му е одредена мерка притвор до 30 дена, а според Ј.Т. и А.Д. мерка забрана за напуштање на станот со примена на електронски надзор во траење од 3 месеци.

Во четвртокот, 21 ноември, Вишиот суд во Нови Сад соопшти дека се приведени 12 лица, а се трага по едно лице.

Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември 2024 година.

Томислав Момировиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура од 2020 до 2022 година, како и министер за надворешна и внатрешна трговија од октомври 2022 година, поднесе оставка на 20 ноември 2024 година.

Истиот ден Јелена Танасковиќ, в.д генералниот директор на акционерското друштво „Инфраструктура железницa Србија“, поднесе оставка од оваа функција.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

(ВИДЕО) Ученици го блокираа сообраќајот во Нови Сад, маж излезе од автомобил и ги нападна

Горан Наумовски

Злосторство во Нови Сад – син ја уби мајка си со нож

А1он

Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад

Горан Наумовски

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски