27 тужители поднесоа тужба против семејството на момчето-убиец од Врачар

Од:

Родителите и другите членови на семејствата на жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска поднесоа тужба против семејството на момчето-убиец.

– Во граѓанска постапка е поднесена тужба за да се оправдаат привремените мерки кои се веќе определени. Затоа, една тужба поднеле вкупно 27 тужители. Обвинети се малолетникот, мајката и таткото. За таткото, привремените мерки за забрана на располагање и отуѓување на имотот биле претходно определени во кривичната постапка против него, а за мајката во граѓанската постапка – изјави изворот на српски Курир.

Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе времена мерка во однос на имотот во нејзина сопственост, поточно дека истиот е блокиран за продажба и издавање.

Таа поседува станбени згради, земјиште и автомобили.

Граѓанската постапка, инаку, се води само против мајката, додека против таткото се води кривична постапка, согласно која против него и неговиот имот се преземени привремени мерки.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата