21 година од геноцидот во Сребреница

Од:

Во присуство на претставници на меѓународната заедница, босанските власти и семејствата на жртвите, во Поточари денеска е одржана комеморација по повод 21-годишнината од геноцидот извршени врз Бошњаците во Сребреница, јави Танјуг.

Началникот на општина Сребреница, Ќамил Дураковиќ прв им се обрати на присутните, оценувајќи дека денот кога падна Сребреница и кога во тој град е извршен геноцид, е еден од најмрачните денови на 20. век.
– Судските пресуди, вклучувајќи ја и пресудата на Радован Караџиќ за геноцидот во Сребреница, е потврда дека светот не може и не сака да премине преку злосторството на геноцид. Правдата подеднакво им е потребна и на Србите и на Бошњаците во Сребреница, нагласи Дураковиќ.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека „Турција сочувствува со секоја војна и трагедија на балканските простори и ја дели болката на секој човек во БиХ. Ако БиХ не е мирна, ниту Турција не е мирна“.

На крајот на присутните им се обрати и претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, додавајќи дека сега е повеќе од било кога решен да бара задоволување на правдата за секој убиен жител на Сребреница.

Претставници на српските власти оваа годиба беа прогласени за непосакувани во Сребреница, бидејќи, како што се наведува, „не го признаваат геноцидот“. Од Србија единствено присуствуваше само претседателот на опозициската ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

– Моето присуство овде е моја човечка обврска и политичка должност, посебно во ситуација кога политиката кон ова се однесува неодговорно, не само кон жртвите, туку кон Бошњаците и кон сите други, објасни Јовановиќ пред почетокот на комеморацијата.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ