Петнаесет лица се приведени денеска во операција на полицијата против припадници на групата Исламска држава (ИД) во Истанбул, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Полицајци од Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција извршиле рано изутрината истовремени акции на десет локации во населбите Султангази, Есенјорт, Есенлер и Султанбејли.
Во операцијата се вклучиле и специјални единици и припадници на силите за брза реакција, како и хеликоптери.
Во операцијата се приведени петмина Сиријци, за кои се тврди дека биле обучени за извршување напади и десет други лица, кои им помагале. Приведените се испратени на сослушување во полиција.