Во последните 24 часа се регистрирани 14.730 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 54.773.
Меѓу нив се на болничко лекување 2.052 пациенти, од кои 183 се на респиратор.
Во последното деноноќие починале 66 лица. Во Хрватска има вкупно 14.730 новозаболени лица, од кои 7.345 случаи се потврдени со брзо антигенско тестирање, а 7.385 со ПЦР. Тоа е намалување во однос на минатата недела.