135 политички партии ќе земат учество на локалните избори во БиХ

Од:

За локалните избори во Босна и Херцеговина се регистрирани 587 политички субјекти, од кои 135 се политички партии, соопшти денеска Централната изборна комисија откако рокот за пријавување истече во петокот попладне.

На изборите ќе учествуваат 47 кандидати од националните малцинства, 20 од граѓанските групи, двајца од здруженија на граѓани, 383 се независни кандидати и 135 од политички партии, објави денеска сараевскиот портал „Кликс“.

Во оваа бројка не се вклучени и апликациите што Централната изборна комисија на БиХ ги примила по пошта, по завршувањето на рокот. Локалните избори во БиХ се распишани за 15 ноември, но не е исклучена можноста тие да се одложат до средината на декември.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он