13 години од крајот на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија

Од:

На воениот аеродром во близина на Куманово на денешен ден пред 13 години потпишан е Кумановскиот договор. Со него се стави крај на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија кое започна на 24 март 1999 година.

Преставници на војската на Југославија и на ОН го потпишаа Воено-техничкиот договор на 9 јуни 1999 г. Југословенската војска имаше рок од 11 дена да ги повлече своите војници и полицијата од Косово.

Потписници на договорот беа генералот на војската на Југославија, Светозар Марјановиќ, полицискиот генерал Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајк Џексон.

Во договорот беа дефинирани Зоната на воздушна безбедност, како зона од 25 километри од административната линија на Косово кон внатрешноста на СРЈ и Зоната на копнена безбедност, како појас широк пет километри, кон внатрешноста на Југославија.

Наредниот ден прекина бомбардирањети на НАТО врз СРЈ и се усвои резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Војската и полицијата ја заменија припадници на КФОР.

Животот, според неофицијални податоци, во бомбардирањето на НАТО го загубија над 3.500 лица. Повредени се над 10.000, а штетата од разорувањето е проценета на 100 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси