Полицијата во Истанбул приведе 120 демонстранти, кои протестираа по повод првата годишнина од големите антивладини демонстрации во Турција, соопшти началникот на полицијата во Истанбул Сељами Алтанок, цитиран од турската телевизија НТВ.
Силите на редот синоќа употребија солзавец за да ги растурат демонстрантите, кои по булеварот Истиклјал се обидуваа да стигнат до плоштадот Таксим, иако пристапиот им беше блокиран од полицијата.
Многу демонстранти настрадаа од созлавецот, информира НТВ.
Движењето „Солидарност за Таксим“ на 31 мак на плоштадот Таксим повика да се организираат демонстрации по повод првата годишнина од антивладините демонстрации, почнати од паркот Гези.
Властите, меѓутоа, забранија секакви собирања на истанбулскиот плоштад и во градот мобилизираа приближно 25.000 полицајци.