120.000 млади Грци во еден ден се пријавија за државни ваучери од 150 евра, во замена за вакцинација

Од:

Само еден ден по отворањето на платформата „Freedom pass“ веќе се пријавиле 120.000 вакцинирани млади Грци на возраст од 18 до 25 години, кои ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку „Твитер“ соопшти дека се доставени 120.000 барања и паралелно, ги повика младите да се вакцинираат.

-Биди и ти дел од големиот национален обид за заштита на јавното здравје. Закажи термин за вакцинација, напиша Мицотакис.

На крајот од минатиот месец беше соопштено дека Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат до крајот на годинава, ќе добијат ваучер „Freedom pass“ односно електронска припејд-картичка што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности.

Ваучерот е наменет за околу 940.000 млади луѓе од земјата, кои ќе можат да го искористат за патувања низ Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или пак да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он