(ВИДЕО) Прв трејлер за филмот за Путин: Не ме интересира Нобелова награда за мир – сакам војна

Од:

По исечокот што публиката имаше можност да го види пред премиерата во Венеција, драмата „Волшебникот од Кремљ“ во режија на Оливер Асајас, за Владимир Путин, доби официјален трејлер.

Филмот е базиран на истоимениот роман од Џулијано да Емполи, а сценариото го потпишува и наградуваниот писател Емануел Карере.

Заплетот нè води длабоко во политиката на постсоветска Русија и подемот на Владимир Путин на врвот на власта.

Пол Дано го игра спин докторот и политички консултант Вадим Баранов, измислен лик инспириран од вистинскиот Владислав Сурков, додека Џад Ло го игра Владимир Путин, кој се појавува во првите кадри како ладнокрвен агент на КГБ, исполнет со амбиција и жед за моќ.

Во трејлерот, Путин изговара реплика што одекнува низ целиот филм: „Она што ме интересира… е моќта. Не ме интересира Нобеловата награда за мир. Сакам војна“.

Трејлерот, исто така, ја открива Алиша Викандер како сопругата на Баранов, Ксенија; Том Стариџ како банкар и олигарх, базиран според Михаил Ходорковски, поранешен нафтен и гасен тајкун кој заврши во затвор откако се спротивстави на владеењето на Путин; Вил Кин како покојниот олигарх Борис Березовски, кој почина во егзил во Лондон под сомнителни околности; и Џефри Рајт како американски новинар во Москва на кого Баранов му се доверува.

Филмот доби 12-минутни овации во Венеција, а потоа беше прикажан во Торонто, Сан Себастијан, Лондон и голем број други фестивали.

Следната станица е декемврискиот Red Sea Film Festival.

Би можело да ве интересира

Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

Пратеникот на Путин во САД: Доста сме блиску до дипломатско решение за војната

А1он

Поранешен шпион со предупредување до Путин: Не оди во Будимпешта, можеби е стапица

А1он

Песков: Средбата Путин – Трамп би можела да се одржи за две недели

А1он

Путин разговараше со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

А1он

Путин: Москва е горда што прифати четири поранешни украински региони во Русија

А1он