Реакција на рускиот предлог за средба со Зеленски: Путин продолжува да ги лаже сите, нуди неприфатливи предлози

Од:

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, објави Ројтерс.

Ова се сериозни предлози и претседателот Зеленски е подготвен за таква средба во секое време. Сепак, Путин продолжува да ги лаже сите нудејќи очигледно неприфатливи предлози“, објави Сибиха на својот профил на мрежата X.

Порано денес, Путин изјави дека не ја исклучува можноста за средба со Зеленски и предложи средбата да се одржи во Москва.

Ако Зеленски е подготвен за состанок, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека има светлина на крајот од тунелот“, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека ако преовлада здравиот разум, тогаш може да се постигне договор за тоа како да се заврши војната во Украина на задоволителен начин.

Во спротивен случај, ќе мора да решиме сè со воени средства“, рече Путин и додаде дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се сретне со Зеленски, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат војна во Европа

Горан Наумовски

Украина: Руски дронови нападнаa цивилни бродови во Црното Море

Јавен судир во Украина: Зеленски го обвини Кличко за слабости во одбраната на главниот град

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Зеленски: Војната во Украина може да заврши за време на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ