Зошто жените се послабиот пол?

Од:

Современи жени, мајки, сопруги, успешни во работата и бизнисот, не изгледаат како понежен пол, но сепак науката и медицината велат дека има зошто тие се нарекуваат така.

Без разлика дали се работи за мултитаскинг во успешен бизнис или кулинарски вештини, жените добро се снаоѓаат и се чини дека се моќни, интелигентни и енергични. Сепак, во духот на еманципација, многу жени покрај „силата“ на мажите се чувствуваат инфериорни во одредени ситуации или услови.

Мажите и жените се родени со фундаментални разлики, не само физички, туку и во структурата и биологија на мозокот, па може да се каже дека жените се послабиот пол и поради следните причини.

Лесно се расплачуваат

Солзните жлезди кај жените се анатомски различни од мажите, а имаат повисоко ниво на хормонот пролактин, во просек 50-60 % повеќе отколку мажите. Ова е хормон одговорен за регулирање на развојот на солзните жлезди во детството, но и правењето на солзи кај возрасните.

Побрзо можат да се опијат

Женското тело содржи помалку желуднечки ензими за распаѓање на етанолот, а исто така имаат и помалку вода во телото за растворањето на алкохолот отколку мажите. Алкохол се апсорбира во крвта, а потоа се спроведува до сите клетки во организамот. Доколку би испиле иста количина на алкохол, жените би биле попијани бидејќи порецентуално кај нив алкохолот повеќе се апсорбира, во недостаток на вода во телотото.

Потешко поднесуваат болка

Една неодамнешна студија покажа дека жените кога се изложени на исти услови при болест со мажите, доживуваат поголема физичка болка. Разликите во биолошката структура на мозокот се тие што ги прават жените повеќе склони да се жалат на зголемување на интензитетот на болката. При скенирањето на мозокот на двата пола, кај мажите постои дел задолжен за „избегнување“ на болката, додека кај жените тоа не е случај. Затоа и тие чувствуваат поголема болка од мажите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска