Колку повеќе родителот го контролира детето, толку е поголема веројатноста дека во него ќе се разбуди агресивност, која ќе ја покажува кон врсниците.
Доколку вашиот тинејџер ги малтретира врсниците, можеби самите сте виновни за тоа. Ова е заклучок на научниците од Универзитетот во Вермонт, кои ја истражувале врската меѓу контролорското однесување на родителите и однесувањето на децата кон врсниците. Меѓу агресивното однесување се вбројуваат интриги, освета, обид да се посрамоти „жртвата“.
Студијата, објавена во „Списанието за адолесценција“, е спроведена на 180 студенти, од кои повеќето девојчиња на возраст меѓу 18 и 24 години.
Иако станува збор за полнолетни лица, тие и понатаму зависат од родителите, емотивно и финансиски. Тоа им дава на родителите можност да тргуваат со парите и внимание за да влијаат врз децата да се однесуваат онака како што сакаат тие.
За манипулирање не е неопходен односот „лице во лице“, а балгодарение на технологијата родителилте можат да бидат во постојан контакт со децата, што значи дека ништо не им попречува во манипулирањето и контролорското однесување.